Француски Монпеље стои на патот на Вардар до пласман на завршниот турнир во ракометната Лига на Европа. Французите вечерва загубија со 35-31 на гостувањето кај Елверум, но на првиот меч победија со 36-24, па со вкупни 67-59 дојдоа до пласман во четвртфиналето и двомеч против Вардар.
Актуелниот лидер во македонската Супер лига двапати ја освојуваше Лигата на шампионите, а сезонава не ги крие амбициите дека не само што атакува на враќање на титулата во домашното првенство, туку атакува и на европско трофеј во второто по ранг натпреварување.
Првиот меч помеѓу Монпеље и Вардар ќе се одигра во Франција кон крајот на овој месец, додека реваншот е во Скопје на почетокот на месец мај.

