Коронавирусот ги прекина речиси сите спортски првенства во светот. Таков е случајот и со француската Лига 1, а уште не е познато кога тимовите ќе може да се вратат на терените и да ги довршат сезоните. Сепак, прекинот со себе носи и последици, па има такви клубови кои мораа да преземат радикални мерки со оглед на тоа дека и финансиите се на удар.
Поради тоа, управата на Монпелје одлучи да го затвори клубот на одреден период.
„Од понеделник, клубот ќе биде затворен 15 дена и сите делумно ќе бидат невработени. За жал, не можеме на друг начин да го решиме проблемот. Нема профит, нема пари, а на крајот од овој месец сите ќе сакаат исплата. Затворањето на клубот ќе ни овозможи да ја преживееме кризата. Има клубови кои се во поголеми проблеми од нас“, изјави претседателот на Монпелје, Лоран Николин.
Николин воедно верува дека шампионатот ќе продолжи откако ќе се смири ситуацијата со Коронавирусот, но и дека на играчите ќе им биде потребно околу три недели да се вратат во ритам и да бидат подготвени за следните предизвици.
Лига 1 се прекина во нецело 28-мо коло, а Монпелје е на осмото место на табелата со 40 бода.