Муса Сисоко веќе 15 години е дел од светскиот фудбал настапувајќи за екипи како Тулуз, Њукасл, Тотенхем, Ватфорд и сега во Нант. За овој период тој заработи милиони евра, научен е да живее во луксуз, но од Англија стигна веста дека францускиот репрезентативец ќе заврши на суд затоа што не плаќал струја, и тоа во периодот додека играше за Ватфорд.
Сисоко во Ватфорд беше минатата сезона, каде што живееше во луксузна куќа од три милиони евра. Неделната плата на Французинот беше 80.000 фунти, но на крајот од договорот, тој останал должник, и тоа на компанијата за струја.
Се работи за долг од 60.000 фунти кој Сисоко не го платил за времето додека живеел во луксузната куќа. Сисоко нема сметка во Англија и компанијата за струја нема како да ги наплати парите, па реши дека ќе го тужи фудбалерот.
„Нема шанси да избегне да го плати долгот“, децидни се од компанијата за струја.
Сисоко сега настапува во Нант, а тој веќе 13 години е дел и од француската репрезентација за која досега одигра 71 меч.