34.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Француски тенисер наместо вода, испи литар и пол „пепси“ (видео)

Францускиот тенисер Корентин Муте им приреди шоу на фановите за време на турнирот во Кордоба, Аргентина. Муте беше елиминиран во првото коло од квалификациите од Маријано Навоне во три сета со 7:5,2:6,2:6, но вниманието кон себе го сврте поради други причини.

Имено, Муте на паузите помеѓу гемовите наместо вода, пиеше газиран пијалок „пепси“, и тоа директно од шише. Тој пред камерите испи литар и пол „пепси“, но ниту тоа не му помогна да победи.

„Мислев дека сум подготвен за натпревари, но моето тело „ме остави“ во вториот сет. Се обидов да се борам до крај, но не беше доволно. Дури се обидов и со „пепси“ кое не сум го пиел цела година“, порача Муте.

https://twitter.com/moutet99/status/1756421111552540697?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1756421111552540697%7Ctwgr%5E520ce51e2cec9eab2866dd94c13de4783fcff646%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportske.jutarnji.hr%2Fsn%2Ftenis%2Ftenis-mix%2Fekscentricni-tenisac-tijekom-meca-popio-litru-i-pol-pepsija-pa-porucio-moje-me-tijelo-ostavilo-15427807

 

 

- Оглас -

Најнови вести