Ејмерик Лапорт има интересна изјава во која ги провоцира навивачите и сите од таборот на најголемиот ривал Манчестер јунајтед и вели дека има само еден шампионски тим во градот.
„Освоивме 11 пехари во последните четири сезони, а тие немаа ништо. Се фалат дека имаат најмногу навивачи, но сега во градот има само едне шампионски тим, а тоа е Манчестер сити. Тешко им е да прифатат дека е така, но вистината е таа. Велат дека ние трошиме многу, но видете ги нивните засилувања и пари што ги потрошија за играчи во последните неколку години и ќе ви биде јасно, дека тие се пред нас сам во тој сегмент“, вели Лапорт.
Манчестер сити бие голема битка за нова титула во Англија, а ривал му е само Ливерпул.
Манчестер јунајтед нема шанси за титулата, а му виси и настапот во Лигата на шампионите иднат сезона, бидејќи се шестти на табелата во Премиерлигата, а тоа место не води во луксузното натпреварување.
Манчестер сити може да освои уште еден пехар сезонава, ако победи во Лигата на шампионите.
Нивниот градски ривал е најтрофејната екипа во Англија со 20 титули, Сити има 7, a Црвените ѓаволи се поуспешни и во ЛШ со 3 пехари, додека лутиот ривал од Манчестер нема ниту еден трофеј во ова натпреварување.