14.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Францускиот гигант кој го „создаде“ Зидан сега „потона“ во трета лига

Челниците на фрнцуската фудбалска федерација (ФФФ) го казнија Бордо со исфрлување од Втора во Трета лига. Оваа одлука е поради зголемените финансиски проблеми кои ги има некогашниот француски гигант.

Бордо е шесткратен француски првак, а последен пат беше на тронот во својата земја во 2009 година. Во 2021 година клубот испадна во Втора лига, а минатата сезона ја заврши на 12 место на табелата.

Во летниот период Бордо  не успеа да најде нов стабилен спонзор кој ќе ги реши финансиските проблеми, па како казна сега е исфрлен во Трета лига. Во изминативе неколку децении, дресот на Бордо го носеа многу прославени фудбалери. Најславен од сите е Зинедин Зидан кој дресот на Бордо го носеше во периодот од 1992 до 1996 година, каде и се промовираше во екстра играч, па потоа направи трансфер во Јувентус и на крајот заврши во Реал Мадрид.

Освен Зидан во дресот на Бордо играа и Алан Жирес, Жан Тигана, Биксент Лизаразу, Кристоф Дугари… Поради испаѓањето на Бодро во Трета лига, второлигашниот статус го задржа тимот на Троа.

- Оглас -

Најнови вести