Францускиот гигант поради испадот на еден навивач, нема да игра во Лига 1 (Видео)

Некогашниот француски првак Бордо ќе остане да биде второлигаш и во следната сезона иако клубот беше подготвен за враќање во елитното друштво. Бордо имаше доволно поени за да обезбеди место во Лига 1, но во последното коло се случи најнепосакуваното.

Бордо на домашен терен играше против Родез и гостите поведоа во 22-рата минута. При прославата на голот, гостинскиот играч беше нападнат од еден навивач на Бордо, кој се најде покрај теренот. Фудбалерот падна на земја и мораше да интервенираат лекарите.

Судијата го прекина мечот, а одлуката е гостите службено да победат и благодарение на тие три бода, се спасија од испаѓање. Бордо со изгубените посакувани три бода од последното коло падна на третото место во втора лига и остана без пласман во елитата, каде што ќе одат Ле Авр и Мец.

Во следната сезона Бордо ќе почне и со минус од еден бод, а на два меча како домаќини ќе биде затворена Јужната трибина, каде што и се случи инцидентот.

https://twitter.com/i/status/1668536433500626945

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести