Младиот 21-годишен Леон Маршан пливаше трка за историја на Светското првенство во Јапонија. Во финалето на 400 метри мешано, францускиот пливач го освои златото и тоа со време од 4 минути, две секунди и 50 стотинки, што беше доволно да постави светски рекорд.
Со овоој рекорд на Маршан сега се срушени сите поединечни рекорди кои беа во сопственост на Мајкл Фелпс. Легендарниот американски пливач од 2008 година беше светски рекордер на оваа патека и тоа со време 4:03,84 минути. Овој рекорд беше поставен на ЛОИ во Пекинг кога Фелпс освои осум златни медали на Игрите. Од 2002 година Фелпс беше сопственик на овој рекорд и тоа беше најдолговечниот рекордер без прекин на една патека.
https://twitter.com/i/status/1683094762209832960
Фелпс сега е сопственик само уште на рекордите во штафетните трки и тоа 4 по 100 метри слободен стил и 4 по 200 метри слободен стил.