Францускиот претседател откри дека влијаел врз одлуката на Мбапе да остане во ПСЖ

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, откри дека разговарал со Килијан Мбапе непосредно пред донесувањето на одлуката да остане во ПСЖ.

„Како претседател и пред сé граѓанин на мојата земја, имам должност да ја бранам, кога во прашање е спортот. Сакам во Франција да играат најдобрите фудбалери. Немам право да се мешам во трансфери, но да, разговарав со Мбапе и го советував на сосема неформален и пријателски начин, да остане во Париз“, истакна Макрон.

Иако се очекуваше преселбата во Мадрид, Мбапе стави потпис на нов договор со Светците до јуни 2025 година, според кој ќе заработува неверојатни 56 милиони евра годишно.

- Оглас -

Најнови вести