Францускиот селектор ја фалеше Македонија: Имаат млади и квалитетни играчи

Со шест победи во шест меча Франција заслужено го освои првото место во групата во која беше и Македонија на Светското ракометно првенство. Во последното коло, галските петли со 32:25 ја победија Македонија, а францускиот селектор Гијом Жил имаше пофални зборови за играта на нашата репрезентација.

„Ние и пред мечот со Македонија бевме пласирани во четвртфиналето, па затоа се обидов да им дадам шанса на сите играчи. Не бевме на највисоко ниво, но верувам дека на следните мечеви ќе бидеме подобри. Македонската репрезентација од година во година расте. Очигледно е дека има голем напредок во играта и верувам дека ќе бидат подобри во иднина. Имаат млади и квалитетни играчи“, рече Жил.

Франција заедно со Данска се најголеми фаворити за освојување на златниот медал на овој пленетарен собир. Низ историјата, Франција има дури шест злата на СП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести