Францускиот селектор вели дека дуелот со Македонија бил тежок

Селекторот на актуелниот олимписки шампион Франција, Оливие Крумболц, пријатно е изненаден од играта во одбрана на женската ракометна репрезентација во меѓусебниот дуел на стартот од Европското првенство.

Во првото коло во групата Ц која се игра во СЦ Борис Трајковски, Франција со 24:14 ја совлада Македонија и ја потврди фаворитската улога на шампионатот, а Крумболц е изненаден од играта во одбрана на Црвено-жолтите .

„Среќни сме поради победата, ова беше тежок натпревар, бидејќи првите мечеви на големи натпреварувања никогаш не се лесни. Среќен сум за тоа како изигравме во одбраната и во контра нападите, но во нападот не одигравме на наше ниво. Резултатот сепак е добар за нас и за продолжението од натпреварувањето“, рече Крумболц на прес-конференцијата по мечот.

- Оглас -

Најнови вести