Францускиот тим покажа како се работи правилно: За четири години исчисти долг од 400.000.000 евра

Претседателот на францускиот фудбалски клуб Лил, Оливие Летанг се пофали дека сите долгови кои биле наследени од претходната сопственичка структура се исчистени.

Шпанскиот бизнисмен Џерар Лопес со недомаќинското работење од доведе Лил речиси до банкрот, оставувајќи го во долг од 400.000.000 евра. Тоа е истиот бизнисмен кој „владееше“ и во француски Бордо. Токму Бордо помина многу полош, бидејќи поради фикансиски проблеми, легендарниот француски клуб беше исфрлен во аматерска лига.

Лил успеа да се избори да излезе од финансиката криза и тоа најмногу благодарение на домаќинското работење и феноменалната трансфер политика. Во последните четири години Лил продаде играчи како што се Николас Пепе, Виктор Осимен, Лени Јоро, Рафаел Леао, Амаду Онана, Свен Ботман…

- Оглас -

Најнови вести