Францускиот тинејџер направи чудо кое не е видено од времето на Надал во 2003 година

Младиот француски тенисер Моиз Куаме испиша историја во тенискиот свет. Се работи за момче кое е прво што е родено во 2009 година а има победа на Мастерс турнир. Куаме пред само 12 дена наполи 17 години, а во првото коло на Мастерс 1000 турнирот во Мајами успеа да го победи Американецот Закари Свајда со 2:1 во сетови.

Повеќе од два часа траеше мечот на кој Свајда го доби првиот сет со 7:5, но потоа францускиот тинејџер Куаме кој е на 385 место на АТП листата, успеа да направи пресврт и следните два сета ги доби со 6:4, 6:4 и испиша историја.

Куаме со оваа победа направи подвиг кој не е виден во професионалиот тенис повеќе од 20 години. Во 2003 година Рафаел Надал со 16 години и 315 денови стигна до првата победа на Мастерс 1000 турнир и тоа било во Хамбург, а сега Куаме го направи истиот подвиг, само 60-тина дена е постар од времето кога тоа го направил Надал.

Вкупно, во историјата на Мастерсите, Куаме е четвртиот најмлад тенисер со победа на Мастерс турнир. Ришар Гаске е најмладиот со 15 години 301 денови, потоа е Надал со 16 години и 315 денови и Дину Пескару со 17 години и 10 дена.

- Оглас -

Најнови вести