Француските екипи почнаа да бараат безбедносни гаранции пред да патуваат за Марсеј

Поради нападот што го извршија хулиганите на Олимпик Марсеј на автобусот на Олимпик Лион, од кој најдебелиот крај го извлече тренерот Фабио Гросо, француските екипи почнаа поинаку да гледаат на гостувањето во овој град.

Управата на Лил, која е следната екипа која ќе гостува во Марсеј, побара безбедносни гаранции за својата екипа. Претседателот на Лил, Оливие Летанг, писмено му се обрати на првиот човек на префектурата Буш де Рон, во која се наоѓа стадионот „Велодром“, на кој своите настапи ги игра Олимпик Марсеј, и од него побара да им ја гарантира безбедноста на фудбалерите и тренерите на Лил.

Летанг исто така им се обрати и на комесарката на полицијата во таа префектура, Федерика Камилери, на француската министерка за спорт Амели Оуде-Кастери, на министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, на првиот човек на Лига 1, Венсан Лабрун, и на претседателот на Олимпик Марсеј, Пабло Лонгорија, и од нив бараше безбедносни гаранции.

- Оглас -

Најнови вести