Во Франција вчера се гласаше во вториот круг од предвремените парламентарни избори, кои ги свика претседателот Емануел Макрон, по триумфот на екстремната десница на европските избори.
Првите резултатите покажуваа победа за групата левичарски партии, оставајќи ја екстремната десничарска партија на Марин Ле Пен на третото место по бројот на места во националното собрание.
Фудбалерите на францускиот национален тим во ниту еден момент не се криеја за нивните политички позиции и побараа отфрлање на екстремната десница, па некои од нив реагираа на социјалните мрежи славејќи ги резултатите.
„Победа на народот“, напиша играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени.
Жил Кунде, еден од најактивните фудбалери против екстремната десница и кој исто како и првата ѕвезда Килијан Мбапе, јавно побара гласање против партијата на Ле Пен, напиша подолг реферат:
„Олеснувањето, како и загриженоста од последните недели, е огромно. Честитки до сите Французи кои се мобилизираа за оваа прекрасна земја, Франција, да не биде управувана од екстремната десница“, порача Кунде.
Усман Дембеле сподели слика како се смее на својот инстаграм-профил, фотографија која исто така беше искористена од неколку негови соиграчи како „официјален одговор“ на резултатите. Ибрахима Конате твитна порака со билборди и француско знаме.
Слави и Маркус Турам: „Честитки до сите оние кои одговорија на опасноста што се наѕираше над нашата прекрасна земја. Да живее различноста, да живее Републиката, да живее Франција, борбата продолжува“.