Кошаркарките на Франција забележаа неверојатна победа од 101 разлика во квалификациите за Европското првенство откако ја победија Ирска со 125-24. Сите 12 репрезентативки на Франција се запишаа во листата на стрелците, а со оваа победа и теоретски си го обезбедија пласманот на Европското првенство.
Франција ја доби првата четвртина со 35-7, додека на полувремето беше 64-16. Следуваше најлошиот период за Ирска, третиот, кој го загубија со 34-2, па пред стартот на последната четвртина резултатот на семафорот беше 98-18. Во последната четвртина Франција постигна најмалку поени, 27, а прими само шест.
Ирска 11 од 24-те поени ги постигна од линијата за слободни фрлања, а од поле имаше ефект од шест погодени од 49 обиди.