Француските репрезентативци што ги промашија пеналите се цел на расисти

Репрезентацијата на Франција загуби во финалето на Светското првенство од Аргентина во пенал-рулетот, откако своите удари од белата точка не ги реализираа Орелијан Чуамени и Кингсли Коман.

Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинес, го одбрани шутот на Коман, додека Чуамени шутираше покрај голот.

Француските фанови ги сметаат Чуамени и Коман за главни виновници и дел од гневните навивачи ги навредувале фудбалерите на расна основа. Веднаш се огласи тимот на Коман, Баерн Минхен, кој застана во одбрана на својот фудбалер.

„Баерн најостро ги осудува расистичките напади кон Кингсли Коман. Семејството на Баерн е заедно со тебе, кралу. Во нашето друштво нема место за расизам“, соопшти Баерн.

Минатата година, по финалето на Европското првенство, цел на расистички напади беа тројца англиски репрезентативци, Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сака. Тројцата Англичани не ги реализираа ударите од белата точка во финалето против Италија и на Аѕурите „им дозволија“ да слават среде Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести