Французинката Боасон приреди сензација на Ролан Гарос и ќе игра во полуфиналето

Француската тенисерка Лоис Боасон приреди вистинска сензација на Ролан Гарос елиминирајќи ја во два сета една од фаворитките, руската тинејџерка Мира Андреева, во четвртфиналето на гранслем-турнирот во Париз.

Дуелот меѓу двете млади тенисерки беше крајно неизвесен, особено во првиот сет, кој се решаваше по тај-брејк. По еден час и 21 минута голема борба, Боасон успеа да го добие со 8-6.

Во вториот сет Андреева тргна одлично и поведе со 3-0, но Французинката одговори со неверојатна серија и направи целосен пресврт, освојувајќи шест гема по ред за конечни 6-3.

Со оваа победа, Боасон се пласира во полуфиналето, каде што ќе се соочи со Американката Коко Гоф во борба за пласман во големото финале на Ролан Гарос.

- Оглас -

Најнови вести