31.8 C
Skopje
четврток, 24 јули 2025

Французинот брутален: „Не можам да го поднесам Јамал, заборава од каде дојде“

Нема сомнеж дека Ламин Јамал е најдобриот млад фудбалер во светот, но сигурно и еден од најдобрите воопшто. Сепак, не се сите воодушевени од неговиот животен стил и она што го прави надвор од терените.

Жестоки критики на сметка на младиот фудбалер пристигнаа и од поранешниот француски репрезентативец, Адил Рами.

„Од човечка гледна точка, не можам да го поднесам Ламин Јамал. Кога е фудбалот во прашање, тој е феномен и му симнувам капа. Ми пречи кога ги спушта шорцевите. Тој тренд доаѓа од затворите од Америка и Мексико. Ми пречеше и начинот на којшто се ракуваше со Роналдо во Лигата на нациите и тука сè започна. Претходно не ми се допаѓаше што постојано објавуваше видеа како танцува, следи некои трендови и ужива во луксуз. Очигледно заборавил од каде доаѓа и каков живот имал до неодамна“, рече Рами.

- Оглас -

Најнови вести