Французинот Махамaду Кеита од следната сезона ќе игра за РК Вардар

Французинот Махамаду Кеита кој игра на позицијата лево крило е нов ракометар на Вардар. Клубот го потпиша играчот кој моментно настапува во шпанската АСОБАЛ лига за тимот на Анхел Хименез, а има и трофеј од настапи во Лига Европа.


Како дел од Бенфика, во 2022 година Кеита ја освои Лига Европа, и беше дел од тимот кој во финалето го победи Магдебург.


Кеита има искуство со настапи во три лиги, во Франција каде играше за ЦСМ и Иври, во Португалија настапуваше за Бенфика, а во Шпанија за Логроњо и за Анхел Хименез. Со Бенфика и со Логроњо беше дел ЕХФ Лига Европа.


Во сезоната 22/23 како дел од Логроњо постигна 123 гола на 35 натпревари, а во моментов за Анхел Хименез има дадено 25 гола.

- Оглас -

Најнови вести