Фудбалерот на Јувентус и на француската репрезентација, Адриен Рабио, е подготвен да го продолжи договорот со Старата дама до јуни 2025 година, објави „Газета дело спорт“.
Актуелниот договор на Рабио со Јувентус истекува на крајот од сезонава, но Французинот им порачал на челниците на клубот дека е подготвен да го продолжи договорот.
Со новиот договор, Рабио би требало да заработува меѓу седум и осум милиони евра годишно.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1732788178187165773
Според весникот, во наредните денови се очекува клубот и официјално да објави дека Рабио до 2025 година ќе го носи Црно-белиот дрес.
Рабио кој во Јувентус пристигна во 2019 година, сезонава одигра 13 натпревари и постигна два гола. За репрезентацијата на Франција одигра 41 натпревар и четирипати се запиша во листата на стрелци.