35.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Французите беа блиску до сензација на СП, светскиот шампион со пресврт во последната четвртина обезбеди полуфинале

Ватерполистите на Шпанија се последни полуфиналисти на Светското првенство кое се одржува во Фукуока, Јапонија.

Шпанија која е актуелен светски шампион, во четвртфиналето со пресврт ја совладаа Франција со 7:6.

https://twitter.com/i/status/1683806320837685248

Французите во последната четвртина влегоа со предност од 5:4, водеа и со 6:4, во Шпанците успеаја да постигнат три гола и да спречат сензација и да се пласираат во полуфиналето, каде ги очекува меч со Унгарија.

Унгарците во четвртфиналето ја совладаа селекцијата на САД со 13:12 во меч во кој постојано водеа со 2-3 гола предност.

Во првото полуфинале ќе играат Србија и Грција. Србија по подобро изведување на пенали ја совлада Италија, додека Грција со 10:9 славеше над Црна Гора.

- Оглас -

Најнови вести