Французите бесни на Погба, на ѕвездата баш ѝ е гајле

Франција доживеа дебакл на Европското првенство откако беше елиминирана уште во осминафиналето на континенталниот турнир. Галските петли беа главни фаворити за златото, но загубија на пенали од Швајцарија, и тоа во меч на кој водеа со 3:1 на неколку минути до крајот.

На тој меч против Швајцарија, двете најголеми ѕвезди киксираа кога беше најмалку потребно. Погба загуби топка на средината на теренот, а потоа Швајцарија даде гол за 3:3, па во пенал-рулетот Килијан Мбапе го промаши клучниот удар од белата точка.

По завршувањето на настапот на ЕП, Погба замина на одмор во Мајами, од каде шро на социјалните мрежи постојано постира фотографии и видеа од дискотеки и ноќни клубови. Токму овие фотографии и видеа се причина за револт кај француските навивачи.

„Дали е можно тој да се забавува додека сите ние тагуваме“, стои во еден од многуте негативни коментари на сметка на Погба.

Погба во Мајами се дружи со Роналдињо и Пауло Дибала и ужива пред да започнат подготовките за новата клупска сезона.

- Оглас -

Најнови вести