Французите без милост, за едно полувреме му дадоа седум гола на Гибралтар

Селекцијата на Франција води со дури 7-0 против Гибралтар по првото полувреме во мелот од квалификациите за ЕП 2024. Триколорите кои имаат максимален учинок досега, шест победи во шест меча, уште сега ја запишаа седмата победа и тоа против аутсајдерот во групата Б.

По само пет минути игра на „Алијанц ривиера“ во Ница, беше 2:0 и тоа благодарение на автоголовите на Сантос и Молхи. Во 16-та минута, Ворен Заир-Емери испиша историја. Фудбалерот не само што стана најмладиот дебитант во историјата на Франција, туку и постигна гол на дебито и со тоа стана најмлад стрелец во историјата на својата репрезентација.

До крајот на првото полувреме, во листата на стрелци се запишаа и Мбапе, Клаус, Коман и Фофана за убедливи 7:0 по само 45 минути игра.

- Оглас -

Најнови вести