21.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Французите доминираат во Бундеслигата – Штутгарт се врати од „мртвите“ и се надева на спас (ФОТО)

Француските фудбалери како никогаш досега во историјата доминираат во германската Бундеслига.

Во досегашниот тек од сезоната постигнати се 77 погодоци од Франвузи со што се убедливо на првото место во топ 5 лигите, ако се исклучи Лига 1.

На средбата меѓу Штутгарт и Борусија Менхенгладбах дури двајца од петте стрелци доаѓаат од редовите на актуелниот светски првак, а по големи драми, на крајот се радуваа домаќините на победа од 3:2.

Домаќините кои се во зоната на испаѓање на полувреме губеа со 1:2, откако Асане Плеа (14′) и Маркус Турам (35′) се Французите кои донесоа убаво водство на Борусија а пресвртот го најави Ватару Ендо со гол во последните мигови од првиот дел.

Крис Фунрих со гол во 51-та  минута донесе израмнување, додека ерупција на „Мерцедес“ арената предизвика голот на Саша Калајџиќ (83′). Штутгарт сега има 22 бода и останува претпоследен, но, е на три бода од местото кое носи опстанок.

- Оглас -

Најнови вести