Англија пред пет дена ја понижи Србија со 9:1, а вечерва Французите беа уште поубедливи против Кипар

Во квалификациите за ЕП за играчи до 21 година денеска имаше еден нереален резултат. Младинците на Франција немаа милост против врсниците од Кипар и ги победија со 9:0.

Кипарците си постигнаа автогол и потоа следуваше шоу на Французите. На полувреме Галските петли водеа со 4:0, а во второто полувреме беа уште поубедливи и на крајот победија со 9:0.

Ова е втора „деветка“ на една селекција во квалификациите за ЕП откако само пред пет дена Англија со 9:1 ги победи врсниците од Србија.

Денеска играа и Македонија У21 и младинците разочараа откако загубија со 2:1 на гости кај аутсајдерот Молдавија.

- Оглас -

Најнови вести