16.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Французите го распнаа Мбапе, никогаш не добил толку слаба оценка за својата игра

ПСЖ доживеа вистински дебакл синоќа во второто коло во Лигата на шампионите губејќи со убедливи 4:1 од Њукасл, а француските медиуми немаа милост кон првата ѕвезда, Килијан Мбапе.

Влијателниот „Лекип“ немаше милост кон Мбапе и во оценките на играчите за дуелот со Њукасл кои се движат од еден до десет, напаѓачот доби двојка.

„Мбапе како да не постоеше во најголем дел од натпреварот и неговата игра беше крајно разочарувачка“, напиша Мбапе во описот на играта на првата ѕвезда на ПСЖ.

Мбапе заедно со капитенот Маркињос и вториот напаѓач, Рандал Коло Муани, ја добија најмалата оценка од сите играчи на ПСЖ, а ниту еден не доби поголема оценка од шестка, додека тренерот Луис Енрике доби тројка.

Медиумите најголеми замерки за Енрике имаа поради одлуката да игра во формација 4-2-4, но тој не ја прифаќа вината.

„Мислев дека таа формација е најдобра за оваа екипа и тоа сè уште го мислам. Мислам дека резултатот не е фер, но таков е фудбалот. Му честитам на Њукасл, но овој резултат не е реален“, изјави Енрике.

- Оглас -

Најнови вести