Французите грмнаа: Мбапе оди во Реал Мадрид!

Реномираниот француски весник „Ла Парисиен“ најавува дека во летниот преоден рок ќе биде завршена една од најголемите трансфер саги на денешницата. Килијан Мбапе е подготвен да оди во Реал Мадрид, а самиот фудбалер наскоро и самиот тоа треба да го потврди.

Мбапе во 2022 година го потпиша последниот договор со ПСЖ кој го обврзува да остане меѓу светците до јуни 2024 година, со можност за продолжување на уште една сезона. Тоа значи дека од 1 јануари Мбапе има слобоно право да контактира и преговара со други клубови, а според најавите, веќе јасно е дека францускиот голгетер ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Кариерата на Мбапе стартуваше во дресот на Монако, а од 2017 година дојде во Пари Сен Жермен, каде во 288 натпревари досега постигна 244 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести