Француското фудбалско првенство е единственото од Топ 5 лигите во Европа кое не продолжи поради пандемијата со Коронавирусот. Французите решија да прекинат и да го прогласат Пари Сен Жермен за нов првак. Клубовите се жалеа дека со недоигрувањето на мечевите имаат загуба од преку 600 милиони евра, но тоа не помогна и фудбалот беше прекинат.
Од Владата на Франција, од каде и стигна одлуката за прекин, сега дојде нова одлука. Дадена е дозвола за отворање на стадионите. Според најавите, дозволено ќе биде играње фудбал од 11 јули и тоа со присуство на публика, до 5.000 гледачи.
Оваа одлука на Владата е само прва во обидот за повторно враќање на фудбалот и тоа со гледачи. Се очекува во август да биде дозволен и поголем број на гледачи, кога и треба да започне новата сезона.
Први мечеви кои во Франција ќе се играат се двете финалиња во Куповите. Во финалето на Купот ќе играа ПСЖ и Сент Етјен, додека за трофејот во Лига купот ќе се сретнат ПСЖ и Лион.