Французите ја „треснаа“ Италија во Милано за прво место, Израел ја изненади Белгија (Видео)

Франција успеа да ја победи Италија на гости на „Сан Сиро“ со 1-3 и го освои првото место во групата 2 од елитната дивизија во Лигата на нации и се пласира во четвртфиналето од ова натпреварување. На селекцијата на Дешан и беше потребен токму триумф изразен со два гола разлика во Милано и тоа успеа да го оствари за да ја приграби првата позиција.

Адриен Рабио вечерва беше кобен за Италијанците. Тој го отвори резултатот уште во втората минута, а во 33-та минута Викарио си постигна автогол и Франција поведе со 0-2.

Андреа Камбијасо во 35-та постигна гол и ја врати Италија во игра, но во второто полувреме Адриен Рабио со фантастичен удар со глава погоди за конечни 1-3 во 65-та минута.

Израел ја победи Белгија со 1-0 со голот на Јарден Шуа во 86-та минута од мечот.

- Оглас -

Најнови вести