Французите и нивниот спонзор малку избрзаа, пред финалето се продавале дресови со три ѕвездички!

Два дена пред финалниот натпревар на Мундијалот во Катар изгледа Французите биле големи оптимисти дека ќе ја совладаат Аргентина и по трети пат ќе станат светски шампиони, па на сајтот на „Најки“ биле ставени на продажба дресови на репрезентацијата со три ѕвездички, што симболизира три светски титули.

Французите го загубија финалето, останаа со две титули и две ѕвездички на дресот. Не се знае колку дресови со три ѕвезди биле продадени. Цената им беше 89,99 евра.

- Оглас -

Најнови вести