Французите на Мундијалот се „допингувале“ со гуми за џвакање?

Фудбалерите на Пари Сен Жермен, но и репрезентативците на Франција кои минатата година беа дел од шампионскиот тим на Светското првенство во Русија може да се најдат под истрага дека користеле допинг. Истражителите од Светската антидопинг агенција (ВАДА) се сомневаат дека Французите пред финалето на Мундијалот користеле за сега сомнителни стимуланси кои во моментов се на граница на дозволени средства.

Освен Галските петли, сомнителни се и фудбалерите на ПСЖ, и тоа за користење на истите средства пред дуелот со Реал Мадрид во првото коло од овосезонското натпреварување во Лигата на шампиони.

Се работи за гуми за џвакање кои се без шеќер, а се збогатени со витамин Б, а во себе содржат и 50 милиграми кофеин. Фудбалерите ги користат овие гуми за жџвакање на 15-тина минути пред почетокот на мечот бидејќи тоа е идеално време за апсорпција на стимулансите кои ги нуди таа гума за џвакање. Се верува дека со тоа се стимулира намалувањето на чувството на замор.

Предноста на оваа гума за џвакање е во тоа што кофеинот почнува да делува во организмот само по пет минути, додека при конзумација на енергетски пијалоци или кафе за да почне кофеинот да делува, потребно е и до половина час. ВАДА го смести овој производ во сивата зона. Засега е легален, но по конзумирањето на фудбалерите на ПСЖ пред дуелот со Реал Мадрид, кога Светците победија со 3:0, бил „вклучен алармот“.

Оваа гума за џвакање во Франција започнала да се користи уште пред неколку години. Први почнале да ја користат фудбалерите на Монако кои во 2017 година станаа прваци на Франција. Засега нема забрана за користење на овие гуми за џвакање, но ВАДА може за скоро време да ги стави на листата на забранети стимуланси.

- Оглас -

Најнови вести