Французите очекуваат помош од Исланд за да бидат пред Турците

Франција – Молдавија (20:45ч – ЕП 2020 квалификации, 9-то коло)

Французите се во мртва трка со Турција за првото место во групата Х. Двете селекции по осум меча имаат по 19 бода, но Турците се лидери поради подобриот учинок во двомечот против светскиот првак. Иако најверојатно тие се патниците за финалниот турнир, пласманот уште не е обезбеден, па затоа избраниците на Дидие Дешамп вечерва ќе го покажат квалитетот против аутсајдерот Молдавија.

Досега само еднаш се сретнале двете селекции токму во овие квалификации, а Французите славеа со убедливи 4-1. Сличен исход може да се очекува и вечерва во Париз.

Предлог тип: 1 & 2-3 пол. (2.0)

 

Турција – Исланд (18ч – ЕП 2020 квалификации, 9-то коло)

Франција ќе си ја заврши работата со Молдавија, но исто така зависи и од Исланѓаните дали сакаат да им помогнат на светските шампиони во битката за првата позиција со Турција. Токму селекцијата на Исланд им го нанесе единствениот пораз на Турците во овие квалификации, а бидејќи играат и за своја чест и сè уште имаат минимални шанси за пласман, ќе се потрудат и во Истанбул да издвојат добар резултат.

Исланд само двапати во пет гостувања победи на турско тло, последен пат во 2017 година во квалификациите за СП, и тоа со убедливи 3-0. Всушност, Турција ги загуби последните три меча против Исланд при гол-разлика 7-1.

Се очекува тврда битка во која многу веројатно ќе има мал број погодоци, а бидејќи Турција ја има предноста на домашен терен, ќе типуваме евентуален триумф на домаќините, поддржан со двознак.

Предлог тип: 1X & 1-3 (1.78)

 

Англија – Црна Гора (20:45ч – ЕП 2020 квалификации, 9-то коло)

Англија е на чекор од осигурување на пласманот на ЕП, а репрезентацијата на Црна Гора во Лондон им доаѓа како „кец на 10-ка“ за да си ја остварат мисијата без поголеми потешкотии. Поразот од Чешка ќе остане црна дамка за Саутгејт и неговите играчи, но многу лесно може да се заборави доколку Англичаните одиграат слична партија како со Бугарија, па и на Црногорците да им спакуваат шест гола во мрежата.

Црна Гора и по седум меча уште нема остварено триумф, трите бода ѝ се по три ремија. Позитивен исход нема да остварат ниту вечерва, едноставно го немаат потребниот квалитет за да им се спротистават на Трите лавови.

Предлог тип: 1 & 4+ (1.81)

 

Чешка – Косово (20:45ч – ЕП 2020 квалификации, 9-то коло)

Од групата А, токму овој дуел е многу поинтересен бидејќи Чешка и Косово се борат за второто место кое исто така носи пласман на завршниот турнир. Чесите имаат 12 бода и се втори засега, со еден бод повеќе од Косово, така што домаќините се во поволна позиција уште вечерва да завршат голем дел од работата.

Косово претходно славеше во Приштина со 2-1 против селекцијата на Чешка, и тоа со пресврт. Тој меч беше доста возбудлив бидејќи се играше отворен и напаѓачки фудбал. Нека биде така и вечерва, пред сè дуелот да биде убав за гледање, па нека победи подобриот.

Предлог тип: ГГ3+ (2.25)

 

Португалија – Литванија (20:45ч – ЕП 2020 квалификации, 9-то коло)

Европскиот првак во претходното коло загуби од Украина наместо да ја зголеми бодовната предност во однос на третопласираната Србија. Вака им даваат шанса на Орлите да се надеваат дека може да дојдат до втората позиција, а од тоа ги делат само два бода.

Сепак, Португалците досега немале проблеми против Литванија, која досега претрпе шест порази на вкупно седум меча. Трите претходни меѓусебни дуели завршиле во корист на Португалија најмалку со три гола предност (5-1, 4-1, 5-1). Квалитетниот колектив предводен од Фернандо Сантош ќе треба да биде ефикасен и вечерва за да избегне дополнителни проблеми.

Предлог тип: Т1 2+ пол. (1.80)

 

Квоти на денот во Sport Life:

Турција – Исланд 1X & 2-4 (1.95)

Србија – Луксембург Т1 1+I & T1 3+ (2.20)

Н. Ѓоковиќ – Р. Федерер 1 & >22,50 гемови (2.75)

 

- Оглас -

Најнови вести