Ракометната репрезентација на Франција ја совлада Словенија и со максимални три победи во три кола го оправда епитетот на фаворит освојувајќи го првото место во групата Б. „Експертите“ во следната рунда ќе пренесат максимални четири бода, откако денеска во дуелот за првото место во групата Б релативно лесно со 35:31 ја совладаа Словенија.
Французите не им дозволија на Словенците ниту еднаш да не поведат, а по првото полувреме предноста на Триколорите беше два гола (16:14), и тоа благодарение на голманот на Е. Пелистер и на Словенија, Урбан Лесјак, кој имаше дури 10 одбрани само за 30 минути игра.
Но, во второто полувреме Французите ја забрзаа играта и во 36-тата минута поведоа со шест гола предност (22:16), по што рутински до крајот ја одржуваа и на крајот славеа со 35:31.
Најдобри во редовите на Франција беа Ремили и Мае со по седум гола, додека кај Словенија се истакна Влах со девет постигнати гола.
Пласман во следната рунда обезбеди и Црна Гора, која со победата над Чиле 35:33 го завери второто место во групата А. Прво име кај Црногорците беше Милош Вујовиќ со 12 гола, а Бранко Вујовиќ даде 10 гола.
Бразил со 30:28 ја совлада селекцијата на Зеленортските Острови и го освои второто место во групата Ц.
Во групата Д, Исланд ја оствари најубедливатра победа на натпреварите од првиот денешен термин откако со 38:25 ја победи Јужна Кореја.