Пари Сен Жермен, кој важеше за главен, или еден од главните фаворити за титулата во Лигата на шампионите е елиминиран уште во осминафиналето.
Французите се во шок, немаат објаснување како ПСЖ испадна во двомеч на кој 150 минути беа подобри, но во завршните 30 се загубија.
По социјалните мрежи има еден куп шеги на сметка на Светците, а фановите од Англија ги потсетија парижаните дека причина што нема да бидат шампиони е тренерот Маурисио Покетино. Човекот нема победнички менталитет и можеби уште утре ќе биде сменет од функцијата.