Франција води против Македонија со 18-14 по првото полувреме на натпреварот од Светското првенство во ракомет кој ќе одлучи дали нашата репрезентација ќе биде пласирана помеѓу 13-то и 16-то или од 17-то до 20-место.
Пораз до 9 голови разлика ќе ја остави Македонија на четврто место во групата и солиден пласман од 13-то до 16-то место на СП.
Дуелот почна рамноправно, а при резултат 5-5, црвен картон доби Наи за еден прекршок за пенал над Кузмановски. Но, Десбоне му го одбрани седмерецот на Серафимов и колата тргна надолу, Франција реализираше со човек помалку, и направи серија од 3-0 за 8-5.
За одбележување е дека во 14-тата минута од средбата, шанса за деби на Светското првенство доби младиот голман Галевски кој првпат е во составот.
Во 15-та минута изедначивме на 9-9 за расположение и гласна песна на македонските навивачи во салата во Вараждин. Сепак само две минути подоцна Триколорите повторно малку се одлепија на плус три гола разлика (12-9). Франција отиде и на 15-10, Десбоне продолжи да блеска на голот, а и Митревски беше одличен и спречи поубедлива предност на противникот.