Французите се збудалеа во период на криза, во нов голем инцидент се тепаа тренер и директор (Видео)

Францускиот фудбал продолжи со скандалозни инциденти што се случуваат во последен период, а вчера меѓусебе се степаа тренерот на Мец, Фредерик Антонети и главниот директор за спортски операции во Лил, Силвајн Арман, кој е поранешен фудбалер на Пари Сен Жермен.

Антонети, кој е долгогодишен поранешен играч на Бастија, веднаш по завршувањето на мечот му се нафрли на Арман и настана општ хаос. Фудбалерите на Лил спречија поголем инцидент во меѓусебната тепачка што ја започна тренерот на Мец.

https://twitter.com/Azpi93/status/1494796351221161987?s=20&t=RaZE60eLHxAPTm9dU84yiA

Мечот заврши нерешено и без голови, а ова не е прв инцидент во последните две сезони, кои се особено лоши кога се работи за сериозни испади во најквалитетната фудбалска лига на Франција.

Претходно имаше прекин на меч меѓу Ница и Марсеј и обид на навивачите на домашниот тим да ги нападнат гостите, па насилни протести на навувачите на Сент Етјен, потоа и уште неколку сериозни инциденти, вклучувајќи ја и вчерашната тепачка меѓу Антонети и Арман.

 

- Оглас -

Најнови вести