Французите со десетмина го освоија Брисел, Италија убедлива против Израел (Видео)

Фудбалската репрезентација на Франција славеше триумф (1-2) на гости против Белгија во Брисел и ги задржа шансите за првото место во групата 1 од Лигата А. Рандал Коло Муани беше двоен стрелец за селекцијата на Дидие Дешан, а Лоис Опенда погоди за Белгија, откако претходно Тилеманс не реализираше пенал.


Франција во последните петнаесетина минути играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Аурелиен Чуамени.


Италија е првопласирана во групата со 10 бода, откако стигна до третата победа триумфирајќи убедливо против Израел на домашен терен со 4-1. Ди Лоренцо беше двоен стрелец, серијата ја отвори Ретеги од пенал, а погоди и Фратези за тимот на Спалети. Единствениот гол за Израелците го постигна Абу Фани.


Германија ја победи Холандија со 1-0 на „Алијанц арена“ со голот на Џејми Левелинг во 63-та минута, а Унгарија славеше против БиХ на гости со 0-2. Стрелец на двата гола беше Доминик Шобослаи.


Во Лигата Б, Турција оствари гостинска победа (2-4) против Исланд, Украина и Чешка ремизираа 1-1, а Велс ја продолжи мизеријата на Црна Гора (1-0).


Во Лигата Ц, Шведска ја победи Естонија на гости во Талин со 0-3. Двоен стрелец беше Нанаси, а погоди и Ѓокереш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести