Французите заљубени во новите дресови, многумина сакаат да ги купат (Фото)

Фудбалската репрезентација на Франција ги промовира новите дресови, а новина е поголемиот петел, како симбол на земјата и дел од амблемот на Фудбалската федерација.

„Два дреса, еден тим“, е мотото со кое Французите ги обелоденија новите дресови.

Првите реакции на фановите се позитивни и за синиот како главен и за белиот како резервен дрес. Многумина веќе кажаа дека сакаат да купат вакви дресови со кои тимот летово ќе игра и на ЕП во Германија и на Олимписките игри во Париз. Продажбата почнува на 21 март.

- Оглас -

Најнови вести