Фрапантно за Португалија – Како ќе одржуваме хигиена кога на пола стадиони мириса на урина и има глувци

Физиотерапевтот на Портимонензе, Клејтон Мендеш е многу критичен и е скептик дека треба што поскоро да се продолжи со фудбал во Португалија, а неговата изјава е фрапантна.

„Според моето мислење, но и искуство премногу е рано за да се вратиме на фудбалските терени и да ја продолжиме сезоната. Во Португалија сум три години и можам да кажам дека околу 60 проценти од стадионите каде што сум бил не можат да ги задоволат строгите критериуми и протоколи за безбедно одржување на натпревари во услови на пандемија со Коронавирус. Па има објекти каде мириса на урина, а имам видено и глувци“, вели Мендеш.

Чудно за Португалија, земја која е актуелен европски првак со многу богата фудбалска историја, но Мендеш, кој е Бразилец тврди дека е така и дека хигиената ќе биде голем проблем за да се продолжи сезоната.

Европските Бразилци, како што ги нарекуваат Португалците во светот на фудбалот, сепак мислат поинаку и веќе објавија план според кој ќе можат да ја продолжат сезоната од 31. мај.

Портимонензе, каде Мендеш е физиотерапевт веќе три години се наоѓа на претпоследното место на табелата во португалската Прва лига на 10 кола до крајот. Имаат 16 бода, шест помалку од Пашош Фереира и 8 од Маритимо, екипи кои ќе им бидат главни конкуренти за опстанок. Од Лигата испаѓаат две екипи, а Портимонензе и фенерџијата Авеш со 13 бода се најзагрозени.

 

 

- Оглас -

Најнови вести