Фред од Манчестер јунајтед се пресели во Фенербахче

Бразилецот Фред, денеска и официјално е нов фудбалер на Фенербахче, откако го потпиша договорот со турскиот тим.

Фред вчера се прости на навивачите на Манчестер јунајтед, а денеска Фенербахче преку социјалните мрежи објави дека Бразилецот кариерата ќе ја продолжи токму во турскиот тим. Тој со Фенербахче потпиша четиригодишен договор, со можност да се продолжи за уште една сезона.

„Многу сум среќен што дојдов во најголемиот турски тим и клуб кој има голема историја. И јас сакам да бидам дел од таа традиција. Првите впечатоци се многу добри. Ќе дадам сè од себе да му донесам на Фенербахче нови трофеи“, изјави Фред.

Фред во последните пет години настапуваше за Манчесер јунајтед, а претходно го носеше дресот на Шахтјор Доњецк и на бразилскиот Интернасионал, додека за репрезентацијата на Бразил има одиграно 32 натпревари.

Фенербахче беше меѓу најактивните тимови во летниот преоден рок, потпишувајќи договори со Себастијан Шимански, Родриго, Мерт Мулдур, Густаво Енрике, Бартуг Елмаз, Рајан Кент, Александер Џику, Душан Тадиќ, Един Џеко, Ченгиз Ундер.

- Оглас -

Најнови вести