Бразилскиот фудбалер за врска, Фред, изрази надеж дека во полуфиналето на Светското првенство во Катар, ќе се сретнат неговиот тим и Аргентина, а објасни и зошто посакува такво нешто.
„Сакам полуфинале Бразил – Аргентина. Сакам да гледам хаос, конфузија. Да гледам како Нејмар им ја протура топката низ нозе, а Меси плаче“ – вели фудбалерот на Манчестер јунајтед.
За да има полуфинале помеѓу Бразил и Аргентина, денеска овие две селекции треба да ги победат своите европски противници Хрватска односно Холандија.