Рајан Фрејзер и Киран Трипие постигнаа деби-голови за Њукасл во дуелот со Евертон за победа од 3:1 и му го расипаа камбекот на Франк Лампард како тренер во Премиер лигата.
По првото полувреме со два автогола на Лакселс и на Холгејт беше израмнето 1:1, а во продолжението Карамелите на Лампард беа нокаутирани со головите на Фрејзер и на Трипие.
Особено убав беше последниот гол на мечот што го постигна Трипие од слободен удар.
Вест хем со голот на Брус Бовен го победи Ватфорд со 1:0, а во тек е и последниот денешен меч од 24-тото коло во Премиер лигата меѓу Барнли и Манчестер јунајтед.