Легендарниот англиски ас Френк Лампард, поранешен играч за врска на Челзи и на репрезентацијата на Гордиот Албион, е назначен за нов менаџер на Ковентри, клубот кој се натпреварува во Чемпионшип дивизијата. Договорот е на две и пол години.
Лампард, кој има 46 години, ја презема функцијата во момент кога клубот се наоѓа на 17-тото место во лигата, само со два бода над зоната за испаѓање. Тој го заменува долгогодишниот тренер Марк Робинс, кој беше отпуштен порано овој месец по седумгодишно водење на тимот.
Ова е и првиот тренерски потег на новиот сопственик на Ковентри, Даг Кинг, откако го презеде клубот во јануари 2023 година.
Работата во Ковентри ќе биде петтиот тренерски ангажман за Лампард, по претходните престои во Дерби каунти, Евертон и две различни етапи во Челзи. Од завршувањето на неговата последна улога како привремен тренер на Челзи во мај 2023 година, Лампард главно беше активен во медиумите.
Неговото деби како менаџер на Ковентри ќе биде в сабота, на домашен терен, против Кардиф.