Актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Барселона, објави дека го продолжил договорот со одличниот холандски играч за врска Френки де Јонг.
Овој 28-годишен фудбалер минатата сезона беше еден од клучните играчи на Барса во походот кон двојната круна, а како награда пристигна и новиот договор.
Deal 🤝 pic.twitter.com/3qTb5p1LD5
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 15, 2025
Според шпанските медиуми, Де Јонг ќе остане во Каталонија до 2029 година. Откупната клаузула е проценета на половина милијарда евра.
Де Јонг пристигна во Барселона во 2019 година од Ајакс во трансфер вреден 75 милиони евра. Досега има одиграно 183 натпревари и има постигнато 14 гола.