9.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

Френки де Јонг: „Прикажаа погрешна фотографија, ова е скандал!“

Барселона ги разочара своите навивачи со убедливиот пораз од Атлетико Мадрид (4-0), но поништениот гол на Кубарси го навлече гневот кон судиите, па токму тој момент е главната тема во Шпанија, а не како Каталонците си дозволија да примат четири гола за едно полувреме.

„Фотографијата која ја прикажаа на телевизија не го покажува моментот кога е упатен ударот. Исто така, постои фотографија која го покажува моментот на ударот на Фермин, играчот на Атлетико Мадрид е еден метар зад сите. Ако таа фотографија не е направена со вештачка интелигенција, тогаш ова е скандал“, рече Френки де Јонг.

Сепак, тој верува дека може да дојдат до пресврт на реваншот и вели дека ништо не е готово.

„Ќе дадеме сè од себе пред нашите навивачи. Тие секогаш нè поддржуваат на домашен терен и затоа мораме да се обидеме да дојдеме до пресврт“, додаде Холанѓанецот.

- Оглас -

Најнови вести