7.8 C
Skopje
сабота, 31 јануари 2026

Фримпонг е најновата главоболка за Арне Слот

Ливерпул ќе мора извесен период да настапува без Жереми Фримпонг, откако клубот потврди дека холандскиот фудбалер заработил повреда која ќе го оддалечи од терените неколку недели.

Дефанзивецот се повреди за време на убедливата победа од 6-0 против Карабах во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, но првичните прогнози се покажале пооптимистички од очекуваното.

„Ќе отсуствува неколку недели, но повредата не е сериозна колку што првично стравувавме. Во оваа ситуација, тоа е добра вест“, изјави менаџерот Арне Слот.

Црвените од третата позиција обезбедија директен пласман во осминафиналето на елитното натпреварување, а фокусот сега е насочен кон Премиер лигата, каде вечерва од 21 часот го пречекуваат Њукасл во обид да ја прекинат серијата од пет меча без триумф.

Слот нагласи дека секој нареден натпревар има огромна тежина.

„Во оваа фаза нема простор за грешки. Веќе направивме премногу и мораме да бидеме максимално концентрирани до крајот.“

Ливерпул моментално се наоѓа на шестата позиција со 36 бодови, со значително заостанување зад лидерот Арсенал, додека Њукасл е деветти со 33 освоени поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести