Рори Делап беше велемајстор за изведување аути во играчката кариера што во најголем дел ја мина во Стоук, а вчера беше еден од главните виновници за тепачката меѓу тренерите на Стоук и Барнсли.
Делап е познат по начинот на изведување аути и по далечината на исфрлање на топката, па тие беа опасност за сите екипи во Англија.
Рори моментно е асистент-тренер во Стоук и вчера беше исклучен заедно со Дин Холден по инцидентот во кој се степаа претставниците на двата стручни штабa.
Со нив црвен картон доби и Џозеф Лауман, кој беше највоинствен во таборот на Барнсли.
Мечот заврши нерешено 1:1 со три исклучувања по тепачката меѓу тренерите на двата тима и плус црвен картон за играчот на Стоук Том Смит во финишот на мечот.