Некогашниот фудбалер на Ливерпул, Јоси Бенајун, бил вознемирен откако кон неговата куќа била фрлена бомба, јавуваат медиумите во Израел. Бенајун, кој сега има 44 години, со семејството живее во Рамат Хашарон, северно од Тел Авив.
Инцидентот се случил во неделата, околу 23 часот, кога напаѓач на моторцикл фрлил бомба кон куќата. Бенајун вели дека првично мислел дека се работи за експлозија на плинска боца, а дури потоа сфатил дека се работи за бомба.
За среќа, никој не е повреден во овој инцидент.