Фрли рипче, фати крапче: Иста комбинација на мундијалските дуели, плус Лејкерс и Леброн му донесоа над 2.000 евра добивка

Обложувач од Кратово успеа да направи одлична комбинација од мечевите од Светското фудбалско првенство и НБА-лигата. Дуелите меѓу Полска – Аргентина и Саудиска Арабија – Мексико ги одиграл со иста тактика, а тоа е да биде нерешено на полувреме, а на крајот „гостите“ да се радуваат во дуел со 2-4 погодоци.

Многу среќа го послужи посебно затоа што Аргентина во првото полувреме против Полска доби пенал, но ударот на Лионел Меси го одбрани Шченсни и остана 0:0 по првите 45 минути. Во вториот дел, Аргентина сепак успеа да постигне два гола за триумф од 2:0.

По првиот дел без голови беше и на Саудиска Арабија – Мексико, а во второто полувреме Мексико тргна со сите сили во напад и даде два гола. Во последните моменти од средбата, Саудиска Арабија намали на 1:2.

Од НБА-лигата, одиграно е на Кралот Леброн Џејмс дека ќе ја надмине бројката од 25,5 поени на дуелот против Портланд и дека Лос Анџелес лејкерс ќе победи. На крајот Лејкерс славеше со 128:109, а Леброн заврши со 31 поени.

Токму затоа тикетот кој беше уплатен на 1.000 денари, на крајот му донесе 144.843 денари бруто-добивка на овој обложувач од Кратово.

- Оглас -

Најнови вести